Харадинај за Србија: Јас сум заинтересиран за дијалог, но со меѓусебно признавање
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2017
Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај вели дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна.
Додава дека единствен предуслов за продолжување на дијалогот е признавање на Косово.
Харадинај вели дека грешката е што институциите на Косово прифатиле во разговорите со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово.
„Јас сум заинтересиран за дијалог, но со меѓусебно признавање. Не прифаќаме да разговараме за внатрешните прашања на Косово“ - вели Харадинај за албанската телевизија Топ чанел.
Харадинај беше кандидат за премиер на ДПК, Алијансата за иднина на Косово и Иницијативата за Косово.
Тие освоија најмногу гласови иако немаат потребно мнозинство за самостојно формирање влада.