15 Мај, 2024
0.0264

„Ханс Бринкер“: Убедливо најлошиот хотел во светот

Објавено во: Стил 16 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Ханс Бринкер e убедливо еден од најлошите хотели во светот. Се наоѓа во Амстердам и се гордее со лошата слава. Од управата на Ханс Бринкер љубезно предупредуваат дека без оглед на тоа што цената е 18 фунти за една ноќ, во 127-те соби на објектот нема крпи во бањите. „Наместо нив, користете ги завесите!“, советуваат од рецепција. До неодамна во собите немаше ниту нормални кревети, но од неодамна управата гордо истакнува дека тие веќе се достапни во сите соби!?! Сепак ги предупредуваат гостите и не преземаат никаква одговорност за сите ризици од престојот како што се труење од храна, нервни напади, температура, изгубени екстремитети и зараза од чума. Некои од паролите, кои се напишани на ѕидовите, гласат: „Подобрете го имунолошкиот систем и се сместете се во Ханс Бринкер "; „ Секогаш одговараме на најниските очекувања “. Собите се како затворски ќелии и се опремени на сличен начин, а насекаде има расипани катанци кои не можат да се заклучат. Сепак хостелот е омилено место за автостопери и млади од целиот свет, кои го ценат хуморот на вработените и релативно ниските цени за европскиот стандард. Иако условите во Ханс Бринкер се ужасни, сепак хотелот има добра местоположба, коментираат гостите.