30 Април, 2024
0.0254

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје организира две работилници по повод Светскиот ден на планетата Земја.

Со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и воспитувањето на еколошката свест, „Халкбанк“ ќе организира две работилници во Градскиот парк, во близина на летната сцена „Лепеза“, на 21 април, со почеток од 11 часот.

Првата работилница, насочена кон учење и едукација за растенијата и за техниките на садење, претставува несекојдневна можност за едукација на повеќе теми, вклучувајќи ги почвата, водата и нивната употреба. На работилницата ќе се учи за различни видови растенија: растенија кои може да се користат во исхраната, растенија кои го подобруваат квалитетот на воздухот, растенија кои го подобруваат квалитетот на живот на нашата планета. Под слоганот „Направи простор за дишење“, учесниците ќе имаат можност да добијат практични совети за одгледување на растенијата во своите домови и градини, од стручен едукатор кој ќе биде присутен на настанот.

Во втората работилница учесниците ќе се запознаат со креативни техники за рециклирање на саксии и создавање уникатни декоративни елементи за своите домови. Оваа работилница ќе ги поттикне учесниците да ги искористат своите креативни вештини и да придонесат за заштита на животната средина преку рециклирање и уметност. Креативноста секогаш е забавна, а рециклирањето без исклучок е корисно.Уникатните саксии потоа ќе послужат за садење растенија и за придонес кон глобалната иницијатива за зачувување на нашиот заеднички дом – планетата Земја.

„Работилниците претставуваат уникатна можност за поврзување со природата и учење на хортикултурни практики кои можат да го подобрат и продолжат животот на нашата планета. Преку нив сакаме да ги инспирираме учесниците да направат простор за дишење во своите домови и заедници, преку креативност и заштита на природата. Веруваме дека секој мал чекор има големо значење за заштитата на животната средина“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Ако сакате и вие да бидете дел од овие работилници, пријавете се на линкот. Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте додека не се пополнат местата.

Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, „Халкбанк“ планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.

Коалицијата „Прајслес планет“ е формирана во јануари 2020 година, како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди што ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите низ целиот свет за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години. Во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн интернешнел“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024