Хакерски напад: Банката на Русија „олесна“ за 2 милијарди рубљи
Објавено во: Економија, Свет 03 Декември, 2016
Хакерски напад однесе 2 милијарди рубљи од Руската централна банка.
Украдената сума е еднаква на 31 милиони долари. Службеникот на банката, Артаом Сичов соопшти за загубите на прес-конференција. Тој додаде дека хакери се обиделе да украдат 5 милијарди рубљи, објави „Ројтерс".
Финансиските регулатори ги повикаа неодамна банките да ги зголемат мерките за безбедност по серијата грабежи на банки ширум светот.
Стравувањата од хакерски напади се зголемија во февруари, кога непознати сајбер криминалци украле 81 милиони долари, кои централната банка на Бангладеш ги држела како депозит во Федералниот Трезор во Њујорк.
Покрај тоа вчера Русија соопшти дека открила заговор на странски шпионски служби за предизвикување хаос во банкарскиот систем на земјата преку координиран бран од хакерски напади и лажни пораки на социјалните мрежи за банкарски банкрот.