15 Мај, 2024
0.0281

Гудис го шири синџирот ресторани на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

За неполни шест месеци по влезот на македонскиот пазар, познатиот синџир ресторани со брза услуга „Гудис бургер хаус“ (Goody’s Burger House) го отвори и вториот објект во Скопје.

Новиот „Гудис бургер хаус“ се наоѓа на вториот кат на трговскиот центар „Сити мол“ (City Mall) и веќе е подготвен да им понуди на љубителите на вкусната храна ново автентично искуство во опуштена атмосфера во која владее современа естетика.

FOTO_Goodys_1

-Среќни сме што наидуваме на одличен прием кај љубителите на вкусната храна во Македонија. Тоа нѐ охрабри да продолжиме со реализација на нашиот план за ширење на синџирот ресторани. Во новиот објект веќе отворивме дополнителни 20 работни места за млади луѓе од земјава, а во завршна фаза се и преговорите со локални добавувачи на суровини, со што придонесуваме и за развојот на локалната економија – вели директорот на „Гудис бургер хаус“, Зоран Лојаница.

Главнината на менито на „Гудис бургер хаус“ го сочинуваат повеќе видови бургери од 100% чисто говедско месо, како и сендвичи и скара од пилешко месо. Целокупната храна се подготвува од суровини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачувањето од страна на гостите, што дополнително придонесува таа да се послужи во свежа состојба и со одличен вкус кој ги има задржано сите оригинални ароми.

„Гудис бургер хаус“ по својот современ модел на функционирање и уникатните карактеристики се разликува од постојните класични сендвичарници.Тука гостите добиваат супериорна и брза услуга, а притоа сѐ е направено за да се чувствуваат како во ресторан од висока класа.

FOTO_Goodys_3

За севкупното високо ниво на искуството на гостите во ресторанот се грижи специјално  обучен персонал со богато искуство, подготвен во секој момент да ги пречека сите гости, деталнода им го објасни целокупното мени и да им помогне во изборот. За подготовка на храната се грижат вешти готвачи кои посетувале специјална обука за подготовка на ваков вид храна.

За дополнителни информации: КАТ-КЕТЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, тел: +389 02 3181 800

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“