Добивај вести на Viber
Инцидентот се случил вчера во ромската населба Тризла во Прилеп, кога група дрвокрадци ја нападнале шумската полиција.
Настанот се случил во близина на џамијата која е во изградба, каде напаѓачите физички ја нападнале полицијата.
Еден од припадниците на шумската полиција со тешки повреди фрактура на черепот е префрлен во болница, а останатите тројца се со полесни повреди.
Дрвокрадците успале и да го демолираат возилото на полицијата.