15 Мај, 2024
0.0281

Груевски, Протуѓер, Јанакиески, Јанкулоска, Мијалков-дел од „тајфата“ за која Јанева бара притвор

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

17 обвиненија за 18 предмети, и обвинети 94 физички и 7 правни лица-Ова го обелодени на денешната прес конференција тимот на СЈО.

Во предметите на СЈО се сомничат високи функционери од ВМРО ДПМНЕ, екс директори и екс министри за кои Катица Јанева бара одредување мерка притвор.

Давајќи им одговор на новинарите, специјалната јавна обвинителка потврди дека е побаран притвор за лидер на политичка партија. 

Имајќи ги предвид досегашните образложенија и сознанија од СЈО за случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности извесно е дека се работи за екс премиерот Никола Груевски.

Освен за него, притвор се бара и за неговиот поранешен шеф на кабинет Мартин Протугер, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Оваа „дружина“ се сомничи во случајот „Титаник“.

Истрагата на „Тендери“ бара притвор за Елизабета Канческа Милевска додека во „Тотал“, побаран е притвор за новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас.

За Владимир Пешевски се бара притвор во случајот „Траекторија“, додека за екс директорот на УБК Сашо Мијалков, СЈО бара притвор во случаите „Тврдина“ и „Таргет“

Случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се обединети во еден предмет, а случаите „Тврдина 2“, „Транспортер“ и Насилство во општина Центар веќе се во судска постапка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“