Груби: ДУИ ќе раководи со ЈПДП, МЕПСО и МАЛМЕД
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020
Артан Груби, првиот вицепремиер на Македонија и министер за политички систем, денеска пред новинарите потврди дека ДУи ќе го превземе раководењето на Јавното претпријатие за државни патишта, Македонски електропреносен систем оператор и Агенцијата за лекови и медицински средства
- Тоа е договор само за размена на одредени позиции, но генерално нема големи промени во имињата. ЈПДП, МЕПСО, МАЛМЕД....тоа се институциите кои ќе ги превземе ДУИ, рече денеска Групи пред медиумите.
Од горенаведените институции, единствено во јавноста излезе името на Бесим Кока, кој треба да раководи со МЕПСО.. Фактор веќе пишуваше дека Кока е најсериозен кандидат за оваа државна компанија. Кока моментално е финансиски директор на Здравствен дом - Скопје, а во здравствените институции е речеиси две децении.