ГРИПОТ „КОСИ“ ВО РЕГИОНОТ, НО И КАЈ НАС: Во Македонија уште еден смртен случај
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019
Грипот однесе уште еден живот во Македонија.
24-годишна девојка со Даунов синдром денеска починала од свински грип на КАРИЛ. За два дена, ова е втора жртва од грип во земјава. Вчера почина 5 годишно девојче.
Во моментов има многу заболени од грип, но тој не е смртоносен како свинскиот грип.
И во регионот грипот „коси“. Во Романија како последица од грип досега починале 92 лица, а како што пренесуваат романските медиуми, последната жртва не била вакцинирана. Само за една недела во Грција починаа дваесет лица со што вкупниот број на починати од оваа болест се искачи на 38, пренесува агенцијата „Ана – Мпа“. Смртни случаи имаше и во Република Српска.