02 Мај, 2024
0.0265

Грците утре ќе се изјаснат за Договорот од Преспа

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

За Договорот од Преспа ќе се гласа утре во грчкиот Парламент. 

Седницата во грчкиот парламент за ратификација на Договорот од Преспа започна со жестока дебата. Опозицијата имаше голем број процедурални прашања, приговори и барања за одложување на седницата, но и најава за барање на гласање на доверба на премиерот Алексис Ципрас. 

Претседателот на грчкиот парламент Никос Буцис им порача дека доколку се случи нешто непредвидено, дискусијата наместо предвидените 28 може да трае и над 32 часа и дека одлуката е утревечер да биде гласањето.  Заменик министерот за надворешни работи Јоргос  Катругалос, кој го бранеше договорот рече дека со него  Грција ја зајакнува својата дипломатска позиција во регионот. Тој им порача на пратениците дека нема никакви причини за страв и дека смешно е да се плашат од земја која е многу послаба. 

„Договорот од Преспа е прва превентивна, стабилна и мирна акција што се случи во овој регион“, изјави Атанасиа Анагностопулу од Сириза.

Јоргос Кумуцакос од Нова Демократија го нападна договорот и го оцени како погрешен.

На Твитер и јави и претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис  кој смета дека националните линии се прегазени. 

„Наместо да добиеме ерга омнес сложено име, дадовме ерга омнес македонски идентитет и јазик. Време е пратениците да ја преземат својата одговорност. Дали ќе кажат „да“ за нешто што претходните премиери рекоа „не“, искоментира Мицотакис.

Премиерот Ципрас нема никакви дилеми дека ратификацијата на договорот ќе помине во грчкиот Парламент. 

Договорот од Преспа во вторникот помина во парламентарниот Комитет за национална одбрана и надворешни работи.

Македонското Собрание минатиот месец го ратификуваше договорот и откако ќе помине и во Атина, Македонија конечно ќе може да го почне процесот на придружување кон НАТО и Европска Унија. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“