16 Мај, 2024
0.0254

ГРЦИТЕ СЕ КОНСУЛТИРААТ ЗА ИMETO: Koѕиас оваа година очекува решение

Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас очекува оваа година да се реши спорот со името. 

„Грчката Влада поддржува и преговара за сложено име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција во Букурешт и ние сме за тоа да има согласност од сите партии и политички сили на земјата“- изјави денеска Коѕиас по завршувањето на мини министерскиот состанок во премиерската палата во Атина, кој според грчките медиуми вонредно го закажа грчкиот премиер, Алексис Ципрас за прашањето за името.

Коѕиас верува дека оваа година ќе се решат прашањата во грчката надворешна политика.

Коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос изјави дека останува на позицијата дека е во сила одлуката од лидерската средба во Грција во 1992 година и дека смета дека преговорите треба да продолжат. Тој рече дека има доверба во грчкиот министер за надворешни работи, но и дека преговорите ќе бидат тешки кога ќе дојде време, затоа што како што рече, „политичките сили ќе треба да го формулираат конечното национално решение.“

Повеќе сигнали од Скопје и Атина последниве месеци укажуваат дека двете влади се обидуваат да го забрзаат решавањето на спорот во пресрет на самитот на НАТО во јуни годинава во Брисел. Германската агенција ДПА, повикувајќи се на грчки дипломатски извори денеска објави дека САД вршат голем притисок за влез на Македонија во НАТО.

Вицепремиерот Бујар Османи не ги потврдува информациите на грчките медиуми дека во понеделник или вторник ќе ја посети Атина, за да се сретне со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас. 

Но, тој вели дека двете земји се во постојана комуникација. 

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот