Грците 24-часа без вести, новинарите не го даваат фондот
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2017
Грчките новинари стапиле во 24-часовен штрајк во знак на протест поради можно затворање на посебниот здравствен фонд за медиумски работници.
Телевизиите денес нема да емитуваат вести, веб порталите нема да објавуваат нови вести, а утре нема да се продаваат весници.
Најголемиот синдикат на новинари ЕСИЕА кој повикал на штрајк, побарал помош од владата и медиумските компании за да се зачува здравствениот фонд кој е во финансиски проблеми.
Грчките медиуми се тешко погодени од финансиската криза во земјата, која предизвикала голем пад на приходите од реклами и претплати, како и високата стапка на невработеност меѓу новинарите.
Штрајкот ќе трае до шест часот утре наутро.