17 Мај, 2024
0.0294

Грција со осуди за албанскиот национализам

Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Шефот на грчката дипломатија,  Никос Коѕиас, во интервју за националната телевизија ЕРТ, истакна дека Грција, како економски најмоќна земја на Балканот, без разлика на кризата, има потенцијал со нејзината силна дипломатија да се справи со национализмот кој е во пораст во некои земји во регионот. 

Ова се однесуваше за соседна Албанија. 

„Албанија верува дека ќе ѝ биде гарантирано отворање на преговорите за влез во ЕУ без никакви услови. Но, таа не смее да си игра со национализмот и нејзините претставници не треба да искажуваат несериозни работи. Ние ги потсетивме на овој факт“– изјави Коѕиас.

За палењето на грчкото знаме во Дропул пред четири дена, Коѕиас рече дека Грција ги осудува овие изолирани инциденти, но дека на овие настани не треба да се даде значење во надворешната политика.

„Суштината на проблемот во Албанија е што ние од нив треба да бараме владеење на правото, борба против трговијата со дрога и организираниот криминал. Мора да му се признаат правата на грчкото малцинство што живее во Албанија и да престанат игрите со имотите. Ова се услови што ги бара ЕУ исто така“ – вели Коѕиас.

Додава дека Грција е земја која бара решение на проблемите со своите соседи, но дека ова треба да се направи врз основа на интернационалното и европското право.

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос го осуди како недозволиво однесувањето на седум нови војници со албанско потекло во армијата, кои пред неколку дена објавиле фотографија на социјалните мрежи, на која со раце го формираат албанскиот орел, пишува весникот „Та неа“.

Тој изјави дека таквото однесување во армијата нема да биде дозволено, при што наредил темелна истрага и санкционирање. 

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години