04 Мај, 2024
0.0279

Грција се враќа на пазарите со првата емисија државни обврзници по 2014 година

Објавено во: Балкан 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

По тригодишна пауза Грција повторно се враќа на пазарите на капитал со емисија на петгодишни обврзници, објавија светските агенции. Шест банки се ангажирани за емисијата - BNP Paribas, Citigroup Global Markets, Deutsche Bank, Goldman Sachs, HSBC и Merrill Lynch, посочуваат агенциите.

The Guardian пишува дека ако емисијата е успешна, таа ќе ја изведе земјата од спиралата на штедење и спасувачки програми финансирани од кредитори од Европската унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Од 2010 година досега Атина договори три спасувачки програми, а парите кои се издаваат против реформи, одат главно за покривање на стари долгови.

Долговите на Грција надминуваат 320 милијарди евра.

Овој потег на грчката влада се очекуваше веќе неколку недели. Поттик на акцијата даваат и агенциите за кредитен рејтинг, кои ги зголемија своите проценки за кредитоспособноста на земјата.

Според податоците на Financial Times Грција ќе ги предложи новите обврзници на 25 јули. Изданието потсетува дека претходната емисија петгодишни обврзници на земјата постигна 4,95% принос. Сега надежите на грчката влада се да успее да ја рефинансира оваа емисија со принос од 4,75%.

Ако емисијата има успех, тоа ќе биде поддршка на владејачката СИРИЗА, која инсистира дека Грција ќе излезе од бескрајната серија од спасувачките програми во текот на летото на 2018 година, односно кога ќе истече крајниот рок на сегашната шема во помош на нашиот јужен сосед.

Операцијата се подготвува долго време, но според аналитичарите, цитирани од Bloomberg, е избран "совршен момент". Според Луц Раомајер од Landesbank Berlin Investment веста доаѓа покрај склучен договор со кредиторите во средината на месецот по вториот преглед на програмата и сигналите од ММФ дека Фондот побрзо ќе остане во сегашната спасувачка програма.

Во прилог S & P ја промени перспективата пред кредитниот рејтинг на земјата од стабилна на позитивна, а Европската централна банка (ЕЦБ) уште не почнала да ги крева каматите, истакнува аналитичарот.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни