Грција регистрира над 3.500 заразени со коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Јули, 2021
Кај јужниот сосед е регистриран најголем дневен пораст на новозаразени со коронавирусот во последните три месеци.
Вчера се потврдени 3.565 случаи, што е најголем број забележан во текот на четвртиот бран од пандемијата, пишува весникот „Катимерини“. Во понеделникот се регистрирани 1.834 случаи, а забележан е и скок на бројот на новозаразени на сите популарни грчки острови за одмор, како и на Атина, Солун и во другите градови.
Дневниот број на починати е едноцифрен, затоа што во текот на вчерашниот ден починаа 9 луѓе, а 121 пациент биле приклучени на респиратор.