02 Мај, 2024
0.0254

ГРЧКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ: Со Договорот од Преспа се затвора една рана

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Грчки интелектуалци даваат поддршка на Договорот од Преспа. 

Со поддршка за овој договор денеска излегоа околу 250 грчки интелектуалци и уметници, кои го ставија својот со потпис на Инцијативата за Договорот од Преспа на луѓето од уметноста и културата.

Тие тврдат дека со Договорот од Преспа се затвора една рана, еден спор од три декади. За нив овој договор е светла точка. 

Се заштитува иднината на граѓаните на двете земји, преку мир, солидарност и соработка, се нагласува во Иницијативата за поддршка, јави АНА-МПА, пренесува МИА.

„Сложеното име со географска одредница (Северна Македонија) за севкупна употреба и со ревизија на Уставот, целосно ја покрива грчката позиција и истовремено во пракса ја демонстрира волјата на соседната земја за мирна коегзистенција на граѓаните на двете држави“, се вели во иницијативата.

Грчките интелектуалци нагласуваат дека живееме во време кога во Европа се случува подем на екстремната десница и национализмот.

Велат дека тие секојдневно се во дијалог со општеството преку уметноста, со песни, музика, поезија, театар, танц, пишување, размислување, кино, преку сите можни човечки начини на изразување, со цел „да допреме до луѓето кои се на тест од оваа криза на поделби во општеството кое боли и кое е болно“.

Дојде време да се видат вистинските факти за Преспанскиот договор,  изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во специјалното видео по повод претстојната ратификација на документот од Парламентот во Атина.

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија се закани дека ќе стори што е во нејзина моќ да го спречи усвојувањето на Преспанскиот договор во грчкото Собрание. 205 пратеници се пријавени за збор. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“