Грчката „Пиреус банка“ продава се и го напушта Балканот
Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2017
Грчката Пиреус банка планира да ги продаде подружниците во Србија, Бугарија, Романија, Албанија и Украина, како дел од планот за намалување на изложеноста кон странство.
„Пиреус банка планира да го продаде бизнисот во регионот на Балканот и да го намали портфолиото на лоши кредити“, изјавил новиот генерален директор на банката Христос Мегалоу во текот на претставување на плановите на групацијата до 2020 година, пренесе Ројтерс.
„Нашата визија е да бидеме најкредибилна банка во Грција.Нашиот стратешки план има смисла и не е илузија“, рекол Мегалоу, кој во април дојде на функцијата генерален директор.
Пиреус банка чии 26,2 отсто се наоѓаат во сопственост на грчкиот фонд за спасување на банки HFSH,уште е соочена со проблемот на ненаплатливи кредити после длабоките рецесии во Грција која ја протурка невработеноста на рекордно високо ниво.
Групацијата, исто така планира да се ослободи од уште некои активи, вклучувајќи 40 процентен удел во бродарската компанија „Хеленик Сивејс“ и својот 33 процентен удел во компанија за одгледување на риби Ниреус аквакултура и Селонда, додава директорот на банката.
Банката Пиреус која е во 67-процентна сопственост на институционалните инвеститори ќе креира одвоена филијала позната како „Pireus legasi junit“ .