15 Мај, 2024
0.0366

Граѓаните се враќаат во кино, голем раст на бројот на посетители

Објавено во: Стил 14 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

 Лани во Македонија работеле 14 кина, за 36.8 отсто имало повеќе филмски проекции и за 149.2 отсто пораснал бројот на кино- посетители во 2012-та, споредено со годината претходно. Како што јави Државниот завод за статистика, вкупниот број  проекции бил 689, од кои 88 на домашни филмови и 512 на странски.

Најмногу проекции, дури 377, имало во општина Карпош, потоа во Центар  144, Битола 92, Охрид 30, Свети Николе 25 и Кочани со 13 проекции на филмови во кино.

Од вкупно 297.943 посетители на кината во 2012-та, најмногу биле во кината во општина Центар (182.235).

Според информациите, од 14 кина ноз земјвата,  три се во општина Центар, две во Карпош и по едно во општините Охрид, Струга, Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Битола, Гевгелија, Куманово и Крива Паланка.