12 Мај, 2024
0.0245

ГРАЃАНСКАТА ОБВРЗНИЦА НА ПРВ ИСПИТ - од денеска почнува да котира на Берза, каква ќе биде вредноста

Објавено во: Финансии 25 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Од денеска граѓанските обврзници на вкупен износ од 23,55 милиони евра почнуваат да котираат на Берзата.

Тоа значи дека со овој инструмент ќе може и да се тргува на пазарот на капитал, односно тој и предвреме да се продаде доколку така одлучат граѓаните кои се негови сопственици.

„Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од 25 јули годинава на Официјалниот пазар на потсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики. Вид на хартии од вредност - државни обврзници без девизна клаузула (граѓанска обврзница). Вредност на емисијата: 1.448.030.000 денари (23,55 милиони евра – н.з.). Број на издадени хв: 144.803. Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари. Датум на издавање: 20 јули 2023, датум на достасување: 20 јули 2025. Каматна стапка: 5 отсто“, се вели во вчерашната објава на Македонската берза.

Ќе биде интересно да се види дали ќе има трансакции со тие обврзници и каква вредност евентуално при тоа би оствариле, односно дали и колкав би бил дисконтот при нивната предвремена продажба.

Во моментов на берза котираат државните обврзници, меѓу кои и државните обврзници од денационализацијата.

Покрај граѓанската, државата продолжува да издава и државни обврзници. Неодамна биле издадени 15 годишни државни обврзници на вкупна сума од над 19 милиони евра, а нивните каматни стапки надминаа 6 отсто и достигнаа дури 6,15 проценти, повеќе од каматата од 5 отсто на граѓанските обврзници.

И тие обврзници деновиве почнаа да котираат на Македонската берза.

Инаку, оваа камата од 6,15 отсто што државата им ја плати на домашните банки и фондови за да собере 19,1 милиони евра, е многу повисока од каматната стапка од 5 отсто, која ја добија граѓаните на 13 јули кога инвестираа во граѓанската обврзница, позајмувајќи и на државата вкупно 23,5 милиони евра, иако таа прво бараше 10 милиони, за првата транша од граѓанската обврзница. Сепак, треба да се има предвид дека граѓанската обврзница е многу пократкорточна хартија од вредност, односно таа ќе доспее и парите ќе им бидат вратени на граѓаните после само две години.

Од Министерството за финансии објавија дека овој инструмент за граѓаните е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација.

Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека на аукцијата учествувале 1.283 граѓани. Минималниот износ кој граѓаните можеа да го уплатат беше 10.000 денари, а максимален износ не беше предвиден.

Како што објавија тогаш од Финансии, приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули 2024 за првата година и 20 јули 2025 за втората година, кога ќе им биде вратен и целиот вложен износ. Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесува 5 отсто годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата“ соопштија од Финансии.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните