19 Мај, 2024
0.0246

Граѓаните и институциите едногласни за помош на Србија и БиХ

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Граѓаните и институциите во Република Македонија се мобилизираат за помош на настраданите во поплавите во Србија и БиХ.

Црвениот крст на РМ, веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина ,направи контакти со двете Национални друштва на Црвениот крст , и согласно материјално човечките ресурси понуди помош во екипи и опрема за спасување ( гумени чамци, спасители,тим за проценка за хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода ).

Согласна нивната проценка во моментот има потреба од следнава помош: храна ,средства за хигиена, нова облека и обувки , кебиња,бебешка храна, вода за пиење.

Македонската компанија „Пелистерка“ се приклучи кон повиците за испраќање помош во Србија, која што изминативе денови е зафатена од поплави со катастрофални размери.

Како што информираат од компанијата, производителот и дистрибутер ќе испрати 10 камиони со повеќе од 225.000 литри од оваа течност во најзагрозените подрачја. Станува збор за над 160 илјади шишиња.

Исто така град Скопје попладнево упати иницијална помош во вид на 50.000 вреќи за песок и еден шлепер со флаширана вода.

Како што соопштија од Градот, ќе биде испратена помош во зависност од потребите, а во план е да се испратат вреќи за спиење, основен хигиенски и санитетски материјал и друго.

По повод големите поплави кои го зафатија регионот и пред се Република Србија, градоначалникот Трајановски е во постојан контакт со градоначалникот на Град Белград, Синиша Мали.

Додека утре (недела) во 12 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање на облека и постелнина, вода, млеко во прав, пелени, и по тој повод ги замолуваат сите оние кои се во можност да дојдат и да помогнат колку можат.

Македонските граѓани можат да се вклучат во донација за поплавените во БиХ и Србија.

Во меѓувреме граѓаните најлесно можат да донираат овде.

Има повеќе начини да се помогне, за повеќе информации овде.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел