26 Април, 2024
0.0304

ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ СМЕНАТ НАВИКИТЕ: Имунитетот е најважен во борбата со ковидот, но тој не се создава преку ноќ

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Изминатиов период многу лекари потенцираа дека имунитетот е најважен во борбата со коронавирусот, но тој не се создава преку ноќ, туку граѓаните треба да го променат својот начин на живот.

Надица Ефтимовска, епидемиолог од Делчево објаснува дека за добар имунитет, удел има генетиката, но и начинот на кој се храниме и дали сме физички активни. Граѓаните за да имаат посилен имунитет треба да се откажат и од пороците.

„Имунитетот е најважен во борба со вирусот. Според мене број еден фактор е исхраната, и физичката активност кај луѓето. Каков имунитет има човекот зависи од начинот на живот низ годините. Имаше луѓе кои се над 50, 60 години и кои го преживејаа вирусот, а оние над 70 години поретко“, вели Ефтимовска.

Нутриционистот Фани Гулевска објаснува дека најважно е граѓаните да го елиминираат стресот, кој негативно се одразува на имунолошкиот систем. Тоа е првиот чекор од каде треба да се тргне, а понатаму треба да се води сметка за исхраната и активноста. И таа вели дека за една недела или еден месец не може да се подобри имунитетот, туку е потребно подолго време.

„Прво треба да се ослободиме од стресот, а потоа да внимаваме да имаме здрава и избалансирана исхрана. Да внесуваме овошје, зеленчук, лесни оброци, салати. Дури и во овој период, доколку граѓаните се во можност може да пешачат или дома да прават вежби. Нормално дека не може да има промени за една недела, или еден месец, но од некаде мора да се почне. И многу е важно да имаме позитивна мисла, затоа што џабе ние ќе внимаваме на исхраната, ако од внатре сме оптоварени со негативни мисли“, рече Гулевска.

Македонија е земја со висока смртност од коронавирусот.  Според анализа на агенцијата Франс Прес направена на почетокот на годината,  пет европски земји се во светскиот врв во однос на стапката на смртност, меѓу нив и Македонија. Нашата земја е на третото место по „прекумерна смртност“ на 100 илјади жители, објави „Економист“ во март годинава. Најголем дел од починатите се повозрасни граѓани, но имаше и млади на возраст од 18, 19, 27 години.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката