26 Април, 2024
0.0306

Граѓани плаќале сметки во Тобако, Водовод не ги признава!?

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Платиле сметка за вода во „Тобако“, но „Водовод“ не им ја признава. Ова е случајот на неколку револтирани граѓани кои се јавија до редакцијата на Фактор жалејќи се дека се принудени двапати да плаќаат иста сметка. На некои им стигнале и решенија за присилна наплата, или опомени пред тужби и покрај тоа што сите сметки за вода им биле уредно подмирени преку наплатните пунктови на „Тобако“ во главниот град, при што на решенијата имале и печат и фискална сметка дека е платено. “Имам примерок од платена сметка за минатиот месец на која има и датум и писмена потврда дека сметката е подмирена, но кога отидов во Водовод ми рекоа дека кај нив нема евиденција дека сум платил. И сега ќе ја исправи ли некој грешката или треба два пати да плаќам една иста сметка“, прашуваат граѓанин од Скопје. Во јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ се запознаени со проблемот но, поради службено отсуство на директорот, најавија одговор подоцна во текот на денот. Уште од лани, преку акционерското друштво „Тобако“ е овозможена услугата "плати сметка", која освен што е достапна преку малопродажните мрежи на Тобако, функционира и онлајн. Преку Тобако,  сметки може да се плаќаат на ЕВН, Топлификација, Водовод, УЈП и радиодифузна такса. Граѓаните на кои „Водовод“ не им ја признава уплатата, сега стравуваат дека истото може да им се случи и со останатите сметки. Ниту од „Водовод“ ниту од „Тобако“, засега не објаснуваат каде е точно проблемот. Се претпоставува дека „Тобако“ се уште, кон Јавното претпријатие, не ги исплатил парите на граѓаните што ги должи за наплатените сметки, но тоа би требало да биде проблем за двата правни субјекти, а никако за граѓаните кои ги поседуваат доказите за уплата. Ј.С.Н  

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна