19 Мај, 2024
0.0306

ГРАФИКОН: Балканот ја полни ЕУ со оружје

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Европската унија вклучува во себе голем број држави, кои се меѓу светските производители и извозници на оружје. Можеме да ги спомнеме само Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Шведска, кои се во топ 12 на светските извозници во светот според податоците на Stockhol International Peace Research Institute. Европската унија има заедничка политика во однос на извозот на оружје, која се почитува од сите земји. Европската унија има наметнато ембарго за увоз на оружје во Кина поради насилството над демонстрантите на плоштадот "Тјенанмен" во Пекинг во 1989 година. Во следните 25 години ЕУ одбива да извезува за Поднебесната империја своиеоружје, вклучувајќи го и Eurofighter. Исто така, од 2001 година Европската унија има и политика спрема најнеразвиените земји во светот - сите стоки произведени во овие земји, се увезуваат во Унијата без да им се изрече данок. Исклучок од оваа политика, потполност наречен EBA или Everything but Arms (Се освен оружје) е увозот на оружје, кој не е ослободен од даноци и давачки. Освен што извезува оружје, Европската унија увезува неколку видови оружје. Во суштина тие доаѓаат од земјите од Западен Балкан, кои се уште не влегле во Унијата. Во 2010 година, од нашите соседи Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска (членка на ЕУ од 1 јули 2013 година), Црна Гора и Србија биле увезени неверојатни 38 милиони парчиња оружје во Европската унија, или тоа е зголемување од 107,5% во однос на 2009 година. Главниот дел од увозот - 88%, дошол од Србија, на чија територија се наоѓаат речиси сите активни фабрики за оружје од југословенско време и кои продолжуваат да работат до ден денешен. На долниот графикон можете да видите приказ по земји и видови на оружје, увезени во ЕУ од Западен Балкан за Европската унија: grafika oruzje К.К.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел