29 Април, 2024
0.0243

Градови-острови:10 места што треба да се видат…додека не потонале!

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако целата приказна вообичаено почнала со изградба на една-две куќи, подоцна овие убави острови се преториле во исински градови населено од се повеќе и повеќе луѓе. Еве ги 10 те најубави градови опкружени со вода: 10. Линдау Историското гратче Линдау се наоѓа во езеро Бодензе, во близина на границата меѓу Австрија, Германија и Швајцарија. Тоа е поврзано со копното преку мост и железничка линија. Има околу 3000 жители. На островот има многу средновековни згради и е популарна туристичка атракција. 9. Санта Круз дел Изола Се наоѓа во Карипско Море, во близина на Колумбија. Ова е најгусто населениот остров во светот. На него има 90 куќи и 12 000 жители, а површината на островот е околу 1 хектар. Ако сакаат да играат фудбал, жителите треба да одат на соседниот остров Мукура, бидејќи најголемиот празен простор на нивниот остров е со големина од половина тениско игралиште. Исто така, овдешните жители своите  мртви роднини ги погребуваат на соседните острови бидејќи кај нив нема место за гробишта. 8. Изола Деј Паскатори Во превод името значи Островот на рибарите. Се наоѓа во Северна Италија и ина околу 50 жители. Има само една главна улица од која се раздвојуваат повеќе  мали и тесни улички.Крајбрежниот појас често се поплавува, а туризмот е главен извор на приходи за населението. 7. Мекскалтитан Тоа е мал вештачки остров во Тихиот Океан, до брегот на Мексико. За време на сезоната на дождови, од јуни до октомври, улиците се поплавени и луѓето едвај се движат. Основна егзистенција е лов на шкампи и секој слободен простор се користи за сушење на уловот. 6. Трогир Се наоѓа во близина на Сплит и е еден од најдобро сочуваните средновековни градови во Европа. Малите улици се полни со убави галерии и ресторани. Во архитектурата мешаат готски и римскиот стил. Градот се гордее со прекрасната средновековна тврдина и со катедралата Сент Лоренс. 5. Несебар Стариот град се наоѓа на остров кој е населен пред илјадници години. Има податоци за жители од различни цивилизации и се смета дека Несебар е град со најголем број цркви по глава на жител. 4. Флорес На овој остров се наоѓа последниот независен град на Маитекои се противеле на шпанските освојувачи. Нивниот град Нох Петел е уништен од страна на Шпанците во 1697 година. Туристите редовно го посетуваат ова место кога се во близина. 3. Мале Ова е главниот град и најголем на Малдивите. Над 100 000 луѓе живеат на малиот остров. Питката вода доаѓа од океанот, но прво се прочистува од солта. Отпадот се носи на соседните острови, каде се прават лагуни. Поради бројноста и гутината на населението, дури и аеродромот е сместен на соседните острови. 2. Менхетен Менхетн е најпрестижниот од 5-те квартови на Њујорк. Во 1625 година холандските напаѓачите ја градат тврдината во Менхетен и така се раѓа градот Њујорк. Денес Менхетн е еден од најгусто населените острови во светот - 1.6 милиони луѓе живеат на површина 59.47 квадратни километри. 1. Венеција Венеција е изградена врз архипелаг од 117 острови, поврзани со 455 мостови. Во централниот дел нема улици, туку само канали. Речиси целиот транспорт се врши или на чамци или пеш.Островот полека тоне, а во есен и зима главниот плоштад Сан Марко редовно се поплавува. Последните 1000 години преубавиот град тонеше за 7 сантиметри за секои 100 години, а само во последните 100 години потонал за цели 24 сантиметри,бидејќи нивото на океаните на глобално ниво се покачува.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти