Градежник од Албанија се повредил во Гостивар
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Момче од Албанија со тешки повреди e однесено во болница.
Станува збор за градежен работник.
Вчера во 09:30 часот e пријавено дека во Гостивар, на ул.„Илинденска“ 28-годишниот С.А. од Република Албанија, додека работел на објект се здобил со тешки телесни повреди.
Нему му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Гостивар, соопшти полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот.