19 Мај, 2024
0.0268

Градежната компанија Бауер БГ доби уште една забрана за учество на тендери

Објавено во: Економија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Една од најголемите градежни компании Баеуер БГ за помалку од четири години по трет пат добива негативна референца објавена од Бирото за јавни набавки и е суспендирана од можноста да учествува на пријавените тендери. Негативната референца ќе трае половина година, според новите законски измени со кои се скратува претходниот рок од година дена, и ќе важи од 5 мај до 5 ноември 2022.

Пред еден месец на управителот на фирмата “Бауер БГ” му беше одреден 30 дневен притвор, а на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Донев, куќен притвор, откако беа осомничени во истрагата за еден дел од случајот”Скопје 2014″, предмет на СЈО. Поконкретно за изградба на фасадата од владината зграда како прескапо платена. Од Обвинителството рекоа и дека е замрзнат имот.

„Ве известуваме дека економскиот оператор Друштво за градежништво,трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје на 05.05.2022 година има објавено негативна референца од страна на договорниот орган Центар за развој на Скопски плански регион Скопје поради следниот основ: Понудувачот не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата. Дополнителни информации во врска со издадената негаивна референца (вклучително и за постапката за која истата е добиена) може да добиете директно од страна на договорниот орган кој ја има објавено истата“, ни одговорија од Бирото за јавни набавки, без да се прецизира за каква јавна набавка станува збор.

Негативни референци против Бауер БГ беа изречени во 2017 за тендер на ЈП Државни патишта, а потоа и во 2019 за неиспочитуван договор со Град Скопје.

Градежната компанија стана позната за пошироката јавност за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога доби многу големи тендери за изградба на јавни објекти, пред сѐ од Градот Скопје на чело со Коце Трајановски. Бауер во 2015 беше најголем добитник на тендери од Град Скопје. 

Пред два месеци Агенцијата за храна и ветеринарство во системот за јавни набавки објави дека е склучен договор за 8 милиони евра со „Бауер“ за изградба на нова административна зграда со лабораториски простории. Зградата треба да се гради во Општина Аеродром. Цената на договорот е 515.202.937 денари. Изградбата треба да биде завршена за две години. Станува збор за работа на површина од 2.655 метри квадратни.

Бауер БГ изминатите година дена доби и други вредни тендери - договор од 43 милиони денари од Град Скопје за реконструкција на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, 108 милиони денари од Министерство за образование за реконструкција на училиштето „Ванчо Питошески“ во Охрид, 66 милиони денари од Министерство за животна средина за изградба на водоснабдителен систем за две села во Делчево, но и други помали.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа