Град полн со Кинези, а локалното население не се плаши од корона
Објавено во: Балкан 12 Март, 2020 06:59
Не се плашат од опасниот коронавирус, не носат маски за заштита.
Ваква е состојбата во српскиот град Мајданпек, каде има до 500 Кинези, кои живеат во ова мало место близу романската граница. Дел од нив поседуваат продавници и тука се со години, а другите работат во рудникот за бакар и се дојдени од скоро. Со оглед на фактот дека Мајданпек има само неколку илјади жители, процентот на граѓани кои се дојдени од Кина, тука живеат и работат, не е за занемарување.
„Немаме корона oвде, не се носат маски. Има доста Кинези затоа што се инвеститори во рудникот за бакар Мајданпек, има 4 кинески продавници. Луѓето се тука со години, и не биле во Кина, мислам на оние кои работат во продавниците. Ќе воведат задолжително носење маски на целиот површински коп. Не се плашам, вирус како вирус, важен е добриот имунитет. Сепак, многу повеќе Кинези има во Бор. Во Кина веќе стивнува вирусот, ја зафати цела Европа, и Балканот. Но, ќе помине и тоа. Сарс беше поопасен, па сите останавме живи“, вели Весна, средовечна жена која живее во овој град.
Во Бор има и карантин за оние кои ќе дојдат од Кина, пишуваат тамошните медиуми.
Жителите на Мајданпек, следат што се случува во светот, па и во регионот со опасниот вирус, но некоја посебна загриженост кај нив нема.
„Имаме Кинези, ама немаме вирус. Кинезите се тука долго време, навикнати сме со нив, и кога не би биле тие не би имале од каде да купиме облека и обувки“, додава Благица В.
Поради коронавирусот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги откажа сите предизборни собири на Српската напредна партија до 1 април. Во Србија во тек е предизборна кампања за парламентарните, локалните и покраинските избори кои се закажани за 26 април.
Се воведува и привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронавирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.
Вчерашниот ден заврши со 18 заразени во Србија.Сања Атанасовска
фото Википедија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





