27 Април, 2024
0.0292

Гошевски: Доколку тимот е на потребното ниво очекувам нова победа во градскиот дуел со Јуниор КВ

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Ракометниот клуб Голден Арт во недела ќе одигра нов градски дуел во рамките 6 -тото коло од суперлигата во ракомет. На домашен терен, во С.Ц "Јане Сандански" во Општина Аеродром гостува Јуниор КВ. Повелете изјава од десниот бек на Голден Арт, Дејан Гошевски:

Во недела ни следува натпревар против незгоден противник, кој според составот на играчи е спој на младост и искуство и кој на претходните натпревари покажа дека поседува квалитет да се надмудрува со секој тим во суперлигата. Атмосферата во тимот, после победата од исклучително значење во Радовиш, е на многу високо ниво, што овозможува квалитетно да се подготвиме за натпреварот кој ни претстои со тимот Јуниор КВ. Доколку спроведеме тоа што се договараме и го тренираме на последните тренинзи, оптимист сум дека ќе излеземе како победник на дуелот во недела“ - изјави
Гошевски.

Вториот тим од нашиот колектив, Голден Арт Аеродром, тим е составен од млади македонски ракометари, по победата над РК Аеродорм во претходното коло, во 4-тото коло од првата машка ракометна лига ќе гостува во скопската населба Кисела Вода, каде ќе одигра натпревар против најголемиот фаворит во групата, тимот на Драчево. Натпреварот ќе се одигра во сабота во салата „Архиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода, со почеток од 18 часот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“