Голема трагедија во Турција - Деца загинаа во аквапарк
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2017
Три деца починаа од струен удар откако влегле во турски аквапарк за да се рекреираат. Веднаш по нив потрчале уште две лица во обид да ги спасат, но и тие завршиле трагично со ист начин на погинување. Се верува дека во аквапаркот имало дефект на електричната инсталација и веднаш штом влегле во вода дошло до силен струен удар кој било невозможно да се преживее. Во обид да ги спасат децата се впуштиле наводно 58 годишниот сопственик Мехмет Каја и неговиот син Кадир кои се меѓу загинатите. Полицијата во Акјази спроведува истрага и наскоро се очекуваат повеќе детали за трагедијата.