Голема трагедија во Црна Гора - 5 загинати во тешка сообраќајна несреќа
Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2017
Петмина загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи денеска на автопатот Подгорица-Бар. Дошло до директен судир на два автомобила од кои едниот е целосно смачкан, а другиот превртен. Покрај загинатите има и две тешко повредени лица, девојче и трудница кои се во критична состојба.
Сообраќајката се случила во 15 часот и 30 минути, кога се судриле директно два автомобили, а настрадале четири лица, брачен пар со дете, како и возачот на другиот автомобил кој доаѓал од спротивен правец.
Девојчето кое е примено има сериозни повреди на главата, додека трудницата се бори за живот.