ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Малата Ешуриме е најдена удавена во водите на Мала Река
Објавено во: Македонија 09 Март, 2020
Голема трагедија се случи во општината Чашка. Градоначалникот на таа општина, Горан Стојановски, напиша дека малото десетгодишно девојче што беше исчезнато, е пронајдено мртво во водите на Мала Река.
„R.I.P. После вчерашното исчезнување во с.Бањица околу 09 часот на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените матни води на Мала река и вчерашното целодневно напорно пребарување, утрово е пронајдена под селото.
Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочуство до семејството“, напиша градоначалникот Стојановски на својот фејсбук профил, објавувајќи и фотографии од пребарувањето.