15 Мај, 2024
0.0301

Голем хуманитарен настан со светскиот мотивационен говорник Ник Вујичиќ

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2016

Добивај вести на Viber

На 16 април, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“,со свој мотивационен говорќе се претстави големиот светски хуманист и говорник Ник Вујичиќ, човекот кој со својата неверојатна животна приказна, харизматичен лики со длабока верба во Бога успеа да ги допре срцата на милионите фанови ширум светот ширејќи огромна верба и волја која им помогна на многу луѓе да го трансформираат својот поглед кон животот и светот.

NV2

Овој исклучителен говорник е роден австралијанец,со српско потекло чиј недостаток на рацете и нозете е резултат на ретката вродена аномалија наречена тетра-амелијасиндром. Неговиот вроден физички недостаток го става во животот пред сериозни предизвици со кои успева да се избори и денес тој несебично го споделува своето животно искуство и станува инспирација за милиони луѓе ширум светот.Според Ник победата за време на долгогодишната борба со препреките пред кои бил ставен е резултат на силата и страста за животот како и силната верба во Бога.Прекусвојата цврста волја и шармантен хумор во последните 15 години успева на своите говори да мобилизира огромен број на фанови.

Овој 32-годишен мотивационен говорникво моментов го обиколува светот, зборувајќи пред преполни стадиони со 100 000 фанови, дел е од  состаноци на светските лидери и пишува книги кои се продаваат со неверојатна леснотија и брзина.

Неговото детство било многу тешко и морал да се справува со типични предизвици кое го носи адолесценцијата, па така често запаѓал во длабоки депресии и осаменост. Поради својот инвалидитет тој се запрашувал зошто не е како другите деца, и го обременувале прашањата за целта на животот. Во овие премрежја најголемата поддршка ја добил од своето семејство па затоа во своите говори Ник ја истакнува важноста на родителството во раното детство и важноста да се надмине безнадежноста. „Волјата е движечкасилазада ги оствариме нашитеголемисоништа, и доколку не ни се случи чудо во животот, ниесекогашможемедабидемечудотово очите нанекојдруг“, вели Ник.

NV5

Гостувањето во Скопје е дел од неговата светска турнеја и за него таа е од големо значење, имајќи го во предвид неговото потекло. За таа цел посетата нема да биде сведена само на мотивациониот говор туку ќе му биде дадена една поширок хумана димензија заедно со „Центарот за поттик на креативни потфати“, кои се воедно и главни организатори на настанот по иницијатива на г. Искра Донева од име на Град Скопје и нејзината организација „Нова Искра“ како и евангелско-протестантските цркви во Македонија.

Собраните средства од билетите ќе бидат комплетно донирани во хуманитарни цели односно за опремување на салата за лицата со посебни потреби.

Билетите се веќе пуштени во продажба и ќе може да се набават по цена од: 100/200/300/1000 денари во зависност од местоположбата на седиштето, а можат да се купат онлајн и во нивната продажна мрежа ширум Македонија. За повеќе информации во врска со настанот можете да ја посеттие и веб страницата: http://www.nickvujicic.mk/.

Можеби ќе ве интересира

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?