ГОДИНАВА НЕМА ДА СЕ ФРЛА СВЕТИОТ КРСТ: Водици-Богојавление ќе се чествува во црквите и храмовите
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021
Прв пат годинава
на празникот Водици-Богојавление нема да се осветуваат водите на Охридското
Езеро, ниру пак ќе се одржи Манифестацијата скокање по Светиот крст. Од
Дебарско-кичевската епархија информираат дека нема да има ниту литии од црквите
кон пристаништето, ниту богослужба на отворено.
Верскиот празник ќе биде одбележан во црквите и во храмовите со утрински богослужби и осветување вода.
И охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, преку објава на Фејсбук апелира граѓаните на 19.јануари, на Водици да се воздржат од традиционалните групирања за време на големиот христијански празник
-Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца“, напиша Георгиевски
ФОТО/Фејсбук