05 Мај, 2024
0.0246

Го затвори ли „Пејпер Мил“ загубата од еден милион евра за две години?

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

„Пејпер Мил“ за две години (2018 и 2019) направил загуба поголема од еден милион евра на приходи од 9,5 милиони евра. Ако и лани продуцирале загуба газдите веројатно биле на пат да донесат одлука за затворање на компанијата. Веројатно дека тука лежи главниот мотив за клучот на најозлогласениот од повеќето загадувачи на кочанската котлина. Незадоволството на граѓанството и климавата еколошка администрација биле само дополнителен мотив за решението

Кочанчани од вчера се радуваат. Престана со работа фирмата за рециклирање хартија која беше одбележана како најголем загадувач на градот. Поранешниот социјалистички мастодонтски комплекс за производство на хартија од целулоза (од оризовата слама) по неколку транзициски „шат дауни“, рестарти, стечаи и купопродажби беше поделена на повеќе целини од кои дел се нефункционални и денеска.

Група од четири друштва бугарски инвеститори и едно домашно претпријатие (поседувано од бугарска фирма) одлучија да купат дел од социјалистичкиот мастодонт и таму да рестартираат горилник во кој ќе обработуваат суровини и рециклираат хартија. Друштвото со назив „Пејпер Мил“ започна пред пет години со производство на рециклирана хартија (дејноста му е „обновување на посебно издвоени материјали“). Уште на почетоците фирмата беше далеку од „еколошки пријателска“ и беше на мета на локалното население (Пајпер Мил е друштво кое работи на работ на една од најголемите кочански населби „Индустриска“ во која живеат повеќе од 5.000 жители во неколку станбени згради и околу 1.000 куќи).

Со тек на времето бројните индивидуални замерки се агрегираа во спонтани собири на граѓани и многу чести изрази на континуирано незадоволство на социјалните мрежи. Надлежните институциии во земјава не успеаја да најдат ефикасно решение на фабриката загадувач. Бројни записници, увиди, рокови и нивно пролонгирање .... Повторни увиди, нови елаборати, рокови, записници. И пак рокови ....

Вчера одекна веста дека „Пејпер Мил“ престанува со работа. И тоа била одлука на сопствениците. Во сопственичката структура на друштвото има четири бугарски компании: “ЕЈ БИ ЕМ Груп ЕООД“ , „Унитејд Еко ООД“, „Елбимек ООД“, „Вадиас Трејд ООД“ и скопското друштво „Унитрејд 2012“ фирма ќерка на бугарски „Унитрејд 2002 ООД“.

Достапните информации покажуваат и нешто друго. Можеби не е клучен за затворањето притисокот од кочанската јавност и граѓанство ниту пак нашите инспектори од инспекторатот за животна средина.

Едноставно „Пејпер Мил“ за две години (2018 и 2019 година) има акумулирана загуба од еден милион евра. Од ота загубата во 2019 година е 800.000 евра, а во претходната година е нешто повеќе од 230.000 евра. Доколку компанијата и лани била во „була“ плус и со притисокот на јавноста на газдите и не им било толку тешко да донесат решение.

Оти „Пејпер Мил“ и не работел успешно, далеку од тоа. Во тие две години остварил вкупен приход од 9,5 милиони евра и загуба нешот поголема од еден милион евра.

Веројатно дека мотивите на газдите сепак биле економски, а не хуманистички или пак биле под некаков политички или јавен притисок.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?