„Го сакам Водно“ утре пред Град Скопје: Отстапување од договорената траса за гасоводот
Објавено во: Економија 28 Јули, 2018
Групата „Го сакам Водно“ се сомнева дека пробивањето на трасата на Водно за минување на гасовод отстапува од договореното со Владата на РМ.
„Багерите работеле деновиве, по старото сценарио, кое години наназад добро се установи, во ек на летни одмори удри и гради против граѓанскиот став кој аргументирано бара градење НАДВОР од Водно!!! Порамнето, искршен сртот, БЕЗ официјална одлука на Влада!!! И не, да бидеме јасни, НЕ се како што рекоа МЕР и Кочо Анѓушев 10 метри и НЕ е по изменетата траса која ќе ја намалела штета, туку по старата!! Држава ли е ова или ШТО?!“, гласи најновиот статус на активистите на оваа група.
Од таму посочуваат неколку аргументи, според кои, како што велат тие, може да се заклучи дека има отстапување.
„Одобрение за градење издадено без одобрение на Град Скопје под чие владеење е парк шумата Водно!!
Студии за оцена на влијанието на проектот врз животната средина кои не го разгледуваат посебно заштитеното подрачје на парк шума Водно!!
Јавни расправи за кои јавноста не била известена и не била присутна!!
Распишан тендер на МЕР за изградба на гасоводот, месеци пред да бидат воопшто овластени од Владата за изградба!! ....“, коментираат од „Го сакам Водно“..
За утре ги повикаа медиумите на брифинг пред Град Скопје.