13 Септември, 2024
0.1507

Го користиме за многу јадења, но него го снемува на нивите и ќе биде поскап

Објавено во: Економија, Агробизнис 18 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Кромидот е неизбежен дел од многу македонски јадења. Бучин е крушевско село познато по долгата традиција на производство на кромид. Но, површините засадени со кромид сега се многу помали од порано.

Причините зошто е така се добро познати, а тоа е дека младите се иселуваат, старите не можат да работат и проблем е пласманот. Ана Пачешкоска, директорка на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Бучин, се занимава со земјоделство и вели дека денес секоја десетта куќа во селото сади кромид, а тоа е многу помалку од претходно. Објаснува дека трошоците за производство се зголемени, мораат да прскаат, а за разлика од порано кога се работело рачно, со мотика и наводнувале од реката, сега користат машини и систем капка по капка. Но, тоа си повлекува плус трошоци. Како што додава, сега кромидот го откупуваат на големо за 30 до 40 денари за килограм. Таа вели дека килограм не треба да падне под оваа цена за да им се исплати трудот.

„Ние садевме 4 декари, а сега имаме 2 декари со кромид и на таа површина се раѓаат 10 тони кромид. Селото има околу 280 aктивни куќи, зборувам за постојани жители, но има и луѓе кои живеат во Прилеп или Битола, а садат кромид во селото. Има и жители кои воопшто не садат кромид. Младите го избегнуваат земјоделството, затоа што оваа работа е потценета. Пред 10 години се произведуваа 4.000 тони, а денес околу 400-500 тони“, вели Пачешкоска.

Објаснува дека и во училиштето каде таа е директорка, одбележуваат Ден на кромидот.

„Во декември одбележуваме Ден на кромидот, при што родителите на децата подготвуваат специјалитети со кромид. Има богата трпеза, јадења кои вклучуваат кромид, месено, јадења со компир, со месо и слично. Целта е децата да научат повеќе за традицијата на селото“, вели директорката.

Се споменува дека во 1910 година во селото почнал да се произведува бучинскиот кромид. Изминативе години се случуваше град да ги оштети насадите по нивите. Земјоделската работа многу зависи од временските услови.  Ако ги погледнеме статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) на годишно ниво во земјава се произведуваат над 50.000 или нешто над 60.000 тони кромид. Во 2012 година имало послабо производство од 43.732 тони, а во 2016 се произведени 60.958 тони кромид. Просечниот принос по хектар варирал од 12.000 до 17.000 килограми. Минатиот месец на пазарите низ Македонија кромидот чинеше и до 80 денари за килограм.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

УРИВА РЕКОРДИ: Колку чини унца злато?

УРИВА РЕКОРДИ: Колку чини унца злато?

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши

Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ - Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ - Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

Кирил Величковски нов генерален директор на Империал тобако

Кирил Величковски нов генерален директор на Империал тобако

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

Димитриеска Кочоска: Благодарност до директорката на УЈП за успешната акција во Струмица

Димитриеска Кочоска: Благодарност до директорката на УЈП за успешната акција во Струмица