05 Мај, 2024
0.0239

Го изолираат Путин, ама и „плачат“ по него

Објавено во: Колумни 29 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Генералното собрание на Обединетите нации ќе врие во септември. Станува збор за Самит на светските лидери по повод 70-тото, јубилејно заседание, кој ќе трае од 25 до 27 септември. Главни „ѕвезди“ се очекува да бидат американскиот претседател Барак Обама и рускиот, Владимир Путин. Но не помалку важни ќе бидат лидерите на Кина , Индија, Франција, Британија, Германија...Вкупно 150 претседатели, премиери или министри за надворешни работи се очекува да се најдат на трибината на ОН. Тие ќе го искористат своето предвидено време да се изјаснат за темата на самитот Решавање на проблемот со сиромаштијата во наредните 15 години. Светските лидери на Самитот ќе треба да ги утврдат етапите на глобалниот развој по 2015 година, кои беа усогласени минатата недела во Адис Абеба, Етиопија, на Конференцијата на УНКТАД. Таму е усвоен е документ во кој што се пропишани 17 цели за стабилен развој во наредните 15 години. Прва е „ целосно искоренување на сиромаштијата во сите нејзини облици“. Понатаму следи „искоренување на гладта, обезбедување на прехранбена сигурност„ и здрав начин на живот, рамноправност на половите, достап до сигурна и стабилна енергетика,  а исто така и стабилен економски раст, кој предвидува создавање на работни места. Но, очите и ушите на светската јавност ќе бидат вперени кон она што ќе се случува  по официјалното завршување на Самитот.  Од 28 септември,  ќе почне сеопштата политичка дискусија во рамките на сесијата на Генералното собрание. Веќе тој ден се очекуваат излагања на 36 говорници, меѓу кои и претседателите на Кина, Бразил, САД, Иран, а се очекува и излагање на Владимир Путин. За рускиот претседател претстојот во Њујорк ќе биде прво стапнување на американската почва по 2007 година, а трет настап на Генералното собрание. Последното го имаше точно пред 10 години на 60. годишнината од основањето на ОН. Зданието на ОН ќе биде место каде што ќе се одржат многу билатерлани средби, разговори, а од трибината на Генералното собраните секако ќе може да се очекуваат критики, пораки, можеби и некои пофалби... Дали ќе има „дуел“ Обама – Путин од говорницата на Генералното Собрание? Дали Обама ќе ја вброи Русија меѓу трите најголеми опасности во светот, како што го направи тоа во една пригода минатата година, кога ја стави во еден ред со ИД и еболата. Дали Путин ќе остане должен или ќе одговори како што го правеше тоа во минатото?. Дали е можна средба меѓу нив? Засега, срамежливо се најавува само можност за такво нешто. Но ништо не е сигурно. Путин е ставен во излоација од западните лидери, иако многумина „плачат“ по него. На пример францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. А, и многумина американски „тешкаши“, пример, Хенри Кисинџер. Понеделников што измина Оланд и Меркел, во Берлин, каде што се сретнаа и разговараа за бегалската криза, го примија, на негово барање, украинскиот претседател Петар Порошенко. Пораката од таа средба беше дека никакви решенија не можат да се носат без Путин, односно се ќе се решава во рамките на „нормандската четворка“. Според она што излеза во јавноста и изјавите на учесниците на средбата во Берлин, договорите од Минск остануваат во сила. Ниту ќе се дополнуваат, ниту менуваат, уште помалку ќе се укинуваат. Второ, засега ниту САД, ниту био кој друг нема да се дозволи да се меша офицјално во преговорите. Крим веќе никој гласно не го споменува. Нови санкции кон Русија не се планираат, иако Украина тоа го бара на сет глас. За средба со Путин прозборе францускиот претседател Оланд на традиционалната средба со француските амбасадори во Париз. Наводно, таа би била четворострана и би се одржала во Париз. Русите ова негласно го демантираа. Според „Блумберг“, пак, Оланд и Меркел се подготвуваат за телефонски разговор со рускиот претседател на тема Украина. Во разговорот европските лидери ќе му дадат „силен сигнал“ на Путин дека Европа ќе ги засили мерките во рамките на ситуацијата на Украина, особено после решавањето на финансиската криза со Грција. Меркел додала дека ЕУ има „многу нерешени меѓународни проблеми и би било добро да се врати конструктивниот дијалог“. „За време на иранските договори ние разбравме дека со Русија може да се договара. Ние се надеваме дека Русија ќе одигра исто така важна улога и во ситуацијата со Сирија“. Во Кремљ, спред руските медиуми, сметаат дека постои теоретска можност „нормандската четворка“ да се сретне и на генералното собрание на ОН, но ништо не е сигурно. Дотолку повеќе што работниот престој на Путин во Њујорк немал да трае долго. Неодамна рускиот министер за надворешни работи Сегреј Лавров изјави дека Владимир Путин е подготвен да се сретне со Барак Обама во Њујорк, доколку таков предлог дојде од американска страна. Но тој вели дека Генералното собрание не е единствениот форум на кој ќе учествуваат двата претседатела. Покрај средбите во рамките на генералното собраие, претстои самит на „Групата 20“ во Анталија и самит на земјите од форумот за Азиско тихоокенска економска соработка (APEC) на Филипини во ноември. Од прес службата на Советот за национална безбедност при Белиот дом стигна коментар дека наскоро ќе нема средба на двата претседатела и дека нема подготовки за такво нешто. Кога се пишува за заседанијата на генералното собрание на ОН, во светлината на односите меѓу Русија и Запад, навираат сеќавањата за настапот на генералниот секретар на КПСС Никита Хрушчов и неговото наводно удирање со чевел по маса. Тоа бара посебен текст, дотолку повеќе што е поврзано и со официјалните преводи. Но чим наредното јубилејно 70. Генерално сабрание на ОН го тера човек кон асоцијации со шеесеттите години, тогаш значи дека сме на прагот на нова студена војна, ако веќе не сме сведоци на неа. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина