17 Мај, 2024
0.0270

Глобалното затоплување може да потопи 150 милиони луѓе?

Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќе од 150 милиони луѓе во светот живеат во области кои може да бидат директно потопени при зголемување на нивото на океаните, предупреди генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на самитот во рамките на Светската конференција за климатските промени во Маракеш. 

„Треба да ги  гледаме фактите во очите и да се подготвиме за надминување на последиците од идни природни катастрофи"- посочи Бан. 

Тој истакна дека треба да се постигнат целите на одржлив развој. 

„Треба да се стремиме да ја ограничиме емисијата, за да не доведат до затоплување од над 2 степени Целзиусови или уште подобро - од 1,5 степени"-истакна Бан.

Генералниот секретар на ОН истакна дека 2015 година била доста топла, а се очекуваат и потопли години. Бан рече дека земјите треба да покажат храброст, мудрост и предвидливост во извршувањето на преземените обврски за заштита на идните генерации и на целата планета. Шефот на светската организација ги повика богатите земји да ги исполнат своите обврски и до 2020 година да обезбедат 100 милијарди долари на земјите во развој, за да можат да се прилагоди на климатските промени.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра