26 Април, 2024
0.0350

Главашевиќ за Фактор: Негирањето на македонската историја, јазик и идентитет е спротивно од вредностите на ЕУ

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Независниот хрватски пратеник  Бојан Главашевиќ вели дека загрижуваат националистичките пораки кои доаѓаат од Бугарија и се насочени кон Македонија.

Тој додава дека на Македонија местото секако и е во Европа, историски, културно и политички. Пратеникот побара од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ да даде поддршка на Македонија, нашата земја да биде заштитена од бугарскиот булинг, како што наведе тој, но одговор нема, а штом ќе го добие вели дека ќе го објави.

„Пристапниот процес е долготраен и политички бара многу, но отвора простор за големи и позитивни реформи и треба да се гледа како можност, а не како листа на барања. Хрватска го искористи својот пристапен процес за добробит на граѓаните, иако некои можности останаа неискористени, баш во пристапниот процес направивме голем напредок во антикорупциското законодавство, владини права, слобода на медиуми, но и некои економски можности за нашите претприемачи, посебно за извоз“, вели пратеникот.

Тој се надева дека во тој процес Македонија ќе има партнери, и дека Хрватска ќе биде пријател на Македонија. За бугарското вето вели дека е неоправдано.

„Што се однесува до бугарското вето, сметам дека е неоправдано, и дека претставува притисок за решавање на отворените билатерални прашања, а тоа е нешто што никако не смее да биде дел од пристапниот процес. Посебно загрижуваат националистичките пораки кои доаѓаат од бугарска страна, и сметам дека негирањето на македонскиот идентитет, јазик и историја е во спротивно со вредностите на кои се темели Европската Унија. Но, на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија сакам да им порачам на тие пораки да не им придаваат важност, затоа што другите членки на ЕУ и тоа како го почитуваат нејзиниот културен, политички и јазичен идентитет“, додава Главашевиќ.

На македонските политичари им советува да не се впуштаат во расправии со бугарските колеги, туку по пат на дипломатија, и повикување на основните документи на ЕУ да се движат по европскиот пат.

Сања Атанасовска

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди