19 Мај, 2024
0.0268

Гласањето за мене значи израз на нашата слобода, тоа е како кревање рака, како барање збор!

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Гласањето за мене значи израз на нашата слобода, тоа  е како кревање рака, како барање збор!

„Едно од поважните граѓански уставни права и должности е правото на гласање, па така на 11 декември планирам да излезам на изборите и да ја искористам шансата во одлучувањето на иднината на земјата во која живеам јас, моите деца и внуци. Сметам дека е тоа наше право, изборено, а не подарено. Би сакал секој од нас да ја сфати важноста на овој настан и да го направи својот избор затоа што политиката е важна работа. Чувствувам одговорност бидејќи не одлучувам само за мојот живот туку и за животот на нашите деца. Не сакам да оставам  други да изберат за мојата иднина, затоа гласањето ни дава можност да одлучиме што е добро, а што лошо, што е исправно, а што неисправно. Јас верувам дека кога гласаме, не гласаме само за некого, туку гласаме за сопствена идеја и идеал. Ако не излезам на 11 декември, нема да можам да влијаам на нештата. Гласањето за мене значи заокружување на едно свесно дејствување и доколку ја пропуштам можноста да го искажам својот став тоа е како да не постоиш. Важно е да бидеме сплотени и да си покажеме дека не сме сами, туку дел од една заедница и да покажеме зрелост со тоа што ќе бидеме дел од нејзините одлуки. Гласањето за мене значи израз на нашата слобода, тоа  е како кревање рака, како барање збор. Значи дека имаме што да кажеме. Ќе гласам, за да се чуе мојот глас и да не се фрли моето право.  Во декември очекувам да покажеме дека сме совесни граѓани кои не ја изгубиле својата надеж и веруваат во подобра иднина.“

Томо Тасев 70 години, пензионер


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата