ГИ ЗАГРИЖУВА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ: Две балкански земји бараат помош од НАТО
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 30 Март, 2020
По Црна Гора и Албанија побара помош од НАТО за справување со коронавирусот.
Албанската Влада побарала помош од НАТО за справување со ситуацијата создадена од „Ковид-19″. Ова го потврди премиерот Еди Рама, гостувајќи во емисијата „Топ Талк” на телевизија Топ чанел, додавајќи дека „барањето е направено исто како и другите земји”.
„Не сум информиран дали има одговор, но ако имаше ќе бев информиран. Уште еднаш да не создадеме илузии, зашто многумина велат „им даде пари Европа”, но тие пари не пристигнуваат со куфери“, рече Рама.
Коронавирусот зема замав во регионот.Владата на Црна Гора побара помош од НАТО-алијансата за борба против коронавирусот во медицински материјали.
Барањето е испратено до Евро-атлантскиот центар за координација при катастрофи на НАТО и сите членови на Алијансата се запрашани дали можат да помогнат со повеќе од 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со филтри П2 и П3, околу 6,5 милиони нараквици, околу 250.000 очила и визери, над 336.000 хируршки фустани и уште 100.000 водоотпорни фустани, како и 50.000 водоотпорни престилки, милион хируршки капи за еднократна употреба, објави подгоричкиот портал „Вијести“.