Германските компании бараат пофлексибилно работно време
Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2017
Германија има потреба од пофлексибилен распоред за одржување на конкурентноста на германските компании. Ова го изјавил претседателот на германскиот Совет на економски експерти Кристоф Шмит во интервјуто за Welt am Sonntag.
"Компаниите кои сакаат да преживеат во новиот, потопен во дигитални технологии свет, треба да се флексибилни и способни брзо да реагираат со своите вработени. Идејата дека работниот ден започнува во канцеларијата наутро и завршува во канцеларијата, не е актуелно", вели Шмит .
Во исто време, тој предупреди дека таквата реформа на германското трудово право нема да доведе до "скришно зголемување на работното време".
"Можеби работодавците би го сакале тоа, но треба да зборуваме само за фактот дека постојното работно време е флексибилно распределено во текот на денот и неделата", објаснил шефот на т.нар. "Совет на мудреците".
Работодавците во Германија одамна сакаат да го укинат осумчасовниот ден, и да го зачуваат само тековнотоограничување од 48 часа за цела недела, забележува уште Welt am Sonntag.