28 Април, 2024
0.0272

Германски милијардер „ги исчисти“ долговите на локалната заедница Гребенхајн

Објавено во: Стил 19 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Германски милијардер испаднал добра вила за местото Гребенхајн, во реонот Хесен, на кое му помогнал да го покрие долгот од 2,1 милиони евра. „Прво бев изненаден, а потоа преовлада радоста кај мене“ - изјавил градоначалникот на Гребенхајн, Манфред Дикерт, на кого оваа донација ќе му помогне да остави чисти финансиски сметки по заминувањето од функцијата. Луц Марио Хелмиг, хирург кој долго време работел во ова место во кое живеат помалку од 5.000 жители, пред да изгради две клиники, разговарал за својата намера во личен разговор со градоначалникот. „Парите се уште не пристигнале, но ќе легнат за неколку дена“ - изјавил Дикерт. Магазинот „Менаџер“ го проценува богатството на Луц Марио Хелмиг на 1,4 милијарди евра и тој се наоѓа на 70. место на пописот од 500 најбогати Германци.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти