ГЕРМАНКИТЕ ШОКИРАНИ: Зошто за нас е поскапо?
Објавено во: Финансии 21 Декември, 2017
Жените во Германија за услуги и производи плаќаат поскапо од мажите, покажа истражување кое е направено неодамна.
Земени се во предвид цените на 1.682 производи, и 381 услуга, при што во 30% од случаите жените се во понезавидна положба.
Во 89% од случаите фризерите поскапо наплаќаат за жените.
Треба да се следи примерот на Австрија каде разлики во цените има, но поради типот на услуга, а не поради полот на корисникот.
Но, и на хемиско чистење е поскапо за жените, така што тие за една блуза плаќаат во просек по 1.8 евра повеќе од мажите.