Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2017
Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија, така што во околината на Шабац произведуваат храна и имаат биодинамичка фарма.
Овие доселеници освен нивните две деца на село одгледуваат и тикви, јагоди, сливи, салата и друго.
Во бајковитото село Јаловик, ова семејство живее во скромна селска куќа.
„Луѓето се добри, знаат дека не можеме сами да стигнеме да сработиме на фармата и ни помагаат. И воспитувачката од градинка доаѓа и го зема девојчето“ - вели Вивиен Шајдлер.
Имаат 17 хектари земја и очекуваат фармата наскоро да биде економски независна и велат тоа е сон на секој фармер. За да успее една биодинамична фарма велат дека е најважно околината да има потенцијал. Германката во 2004 година дошла во Србија како волонтер, следела курс за биодинамика, работела во продавници за органска храна, а во 2008 година решила да се досели во селото и да почне со сопствена фарма.