18 Мај, 2024
0.0381

Германија си го прибира златото од САД

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Речиси половина од златните резерви на Германија се чуваат во трезорот на Федералната резервна банка на Њујорк. Милијарди долари, поради поствоената геополитичка приказна се ставени на одговорно складирање под улиците на Менхетен. Сега германската централна банка сака да направи големо повлекување - 300 тони или сето свое злато, пишува WSJ , пренесува Дарик. Се разбира тоа ќе се направи постепено. Bundesbank најави дека ќе си ја прибере втората најголема златна резерва во светот, по онаа на САД. Во прво време, целта е да се доверат повеќе од 50 проценти од германското злато во сефовите на Bundesbank во Франкфурт до 2020 година, во споредба со малку помалку од една третина денес. За време на студената војна, Западна Германија ја следеше политиката на зачувување на своето злато колку што може подалеку на запад, во случај на можна советска инвазија. Така, поголемиот дел од германските златни резерви до сега седеа во финансиски центри како Њујорк и Лондон. Причината за тоа е - во случај на валутна криза, златото да може брзо да биде извадено од сефовите и користено за смирување на финансиските пазари. При тоа, во Њујорк, ФЕД го складира германското злато потполно бесплатно, бидејќи тоа практично го поддржува статусот на доларот како светска резервна валута. Повеќе од две третини или 374 тони од златните резерви на Германија вредни 137 милијарди евра/183 милијарди долари, се чуваат во сефовите на централните банки во Њујорк, Париз и Лондон.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата