Германија најде излез - од каде ќе увезува гас?
Објавено во: Економија 20 Мај, 2022
Германија има алтернатива за рускиот гас. Од 2024 година Германија ќе увезува течен гас од Катар. Ова денеска го најави катарскиот вицепремиер за германскиот весник „Ханделсблат“.
„Сакаме нашата американска фабрика за течен природен гас „Голден Пас“ во Тексас, во која „Катар енерџи“ има удел од 70 отсто, да биде подготвена за испорака во Германија веќе во 2024 година“, изјави шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, кој исто така е министер за надворешни работи.
Катар ги има третите по големина резерви на гас по Русија и Иран. Германија од Русија увезува 55 отсто од гасот. Претходно, Словенија најави дека ќе добива гас од Алжир.ЕУ планира да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас до летото, како дел од напорите да се стави крај на зависноста од Русија, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел на својот блог.