17 Мај, 2024
0.0356

Германија идеална за перење пари

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Се повеќе пари  се перат  преку организираниот криминал во Германија заработени со илегални дејности. Тоа го потврдуваат најновите статистики на Сојузниот уред за криминалистика. Инспекторите често се немоќни во борбата против криминалците.

Германските правосудни органи во изминатата година примија околу 13.000 пријави поради сомневање во перење на пари. Во секој друг случај се утврди дека сомнежите биле оправдани. Тоа е најголем број на случаи од 1993 година, кога на сила стапи Закон за перење на пари. Со него банките се обврзаа на Сојузната институција за финансиска контрола да јават секогаш кога на некоја банкарска сметка одеднаш ќе се уплати голема сума на пари.

Во извештајот кој Сојузната канцеларија за криминалистика (Бундескриминаламт) го објави оваа недела, забележани се посебни уплати од Италија, Русија, Украина и Белорусија. Извештајот открива и дека за перење на пари, покрај сметките на трговците со недвижнини, сопственици на ресторани, кладилници и коцкарници, се почесто се користат и сметки од обични граѓани.

Нетранспарентни текови на парите

- Приликите во Германија за жал се уште се поволни за перење на пари - вели Герхард Шик. Тој на оваа тема се бави како застапник на партијата Зелени во германскиот парламент и како член на Комисијата за финансии. - Се уште не е развиена свеста за димензиите за перењето на пари - додава тој во интервјуто за Дојче веле.

Со несанкционирање на перењето на пари се финансира тероризмот

Во Германија се проценува дека годишно околу 50-60 милијарди евра заработени од уцени, трговија со дрога или шверц на оружје, се впумпуваат во легалниот проток на пари. Надлежните служби не можат да запленат ниту 1 отсто од тој износ, но во многу други бранши мора да се воведе правилото државата да го контролира текот на парите. А за тоа нема политичка волја, смета експертот за криминалистика Себастијан Фиедлер.  Со несанкционирањето на перењето на пари се финансира тероризмот.

Поради двоумењето на сојузната влада, Европската комисија покрена постапка во чиј тек е истрага дали Германија ги крши важечките договори со Европската унија. Главен аргумент: со несанкционирање на перењето на пари се овозможува и неконтролирано финансирање на тероризмот. Според официјалните податоци, други земји многу построго ги истражуваат илегалните активности и забележуваат дури 4 до 12 пати повеќе откриени кривични дела.

Дополнителен проблем е што криминално стекнатиот имот едноставно се префрлува на трети лица. И така се спречува државните органи да ги запленат парите. Во 2010 година, германските истражувачи само во 150 случаи (од вкупно 600 истражни постапки) успеаја да запленат илегални пари. Во Германија очигледно многу добро може да се сокрие трагата на парите. Судејќи според резултатите на една студија спроведена во 70 држави, Германија е еден од најголемите сиви финансиски центри.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра