18 Мај, 2024
0.1900

Германија: Добредојдовте (додека работите)

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Речиси 70 отсто од Германците сметаат дека, за нивната економија да остане успешна, потребна е странска работна сила, па странците во земјата се „добредојдени, се додека работат“. Како што покажуваат резултатите на истражувањето на институтот ''Infratest dimap'', околу 70 отсто од Германците мсетаат дека доселениците од земјите од ЕУ, кои немаат работно место ниту работа во Германија, треба да ја напуштат земјата. Со години, мнозинството Германци одбиваше отворање на вратите за странска работна сила, а оваа анкета покажува дека 46 отсто од Германците веруваат дека нивната земја од доселениците има повеќе корист, отколку штета. Дури 76 отсто од нив веруваат дека нивните партии прават многу малку за да ги решат проблемите кои се јавуваат со доселувањето на странците. Во Германија, во моментов, во владата на големата коалиција на демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите на вицеканцеларот Зигмар Габријел, се води дебата за „доселувањето на сиромаштијата“ од истокот на ЕУ во рамкии на стапување во сила на мерките, Романицте и Бугарите од 1. јануари да можат слободно да бараат работа на целата територија на ЕУ. Конзервативците предупредуваат на опасноста од злоупотреба на германскиот социјален систем и, меѓу другото, предлагаат земање на отпечатоци од прсти на оние кои се огрешиле од тој систем, како и забрана за нивно повторно влегување. Предлогот на Елмар Брок, европски политичар од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), за земањето на отпечатоци предизвика критики и во самата партија. „Мигрантите кои во Германија доаѓаат само поради земање на социјална помош, детски додаток и добивање на здравствено осигурување, мора веднаш да бидат вратени назад. За да се спречи повторно такви да можат да влезат во земјата, треба да се размисли, од нив да се земаат отпечатоци од прсти“, рече Брок. И Европската комисија се вклучи во германската дискусија за странците, и како што пишува „Зидојче цајтунг“, мислењето е дека доселениците во Германија мора да имаат полесен пристап до социјалните категории.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?