Германците фирмите од Азија ги селат во оваа балканска земја
Објавено во: Балкан 26 Април, 2017
Многу германски фирми размислуваат да се преселат во БиХ или во другите земји од Западен Балкан.
Посебно се смета дека околината на Тузла за нив би била погодна.
Се наведува дека Тузла има едуциран кадар, имаат искуство со текстилна и металско-преработувачка индустрија.
Потребно е компаниите со сите овие елементи да бидат што поконкурентни на меѓународниот пазар.
Од кантонот Тузла велат дека сакаат да привлечат инвеститори, имаат добра геостратешка положба и добар однос на плати и придонеси.
Оние босански претприемачи кои веќе имаат соработка со германските, велат дека имаат сигурен пазар и наплата.